Млада кумановка била нападната од скопјанец кој ја затворил во куќа и ја терал на полови дејствија.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи завчера, 24-годишниот Ј.Г. од Скопје ја пресретнал пет години помладата А.П. од Куманово околу седум часот утрината.
Со закани по живот тој ја натерал да влезе во неговиот автомобил, а потоа ја однел во куќа во село Јурумлери, каде ја затворил и физички ја нападнал, присилувајќи ја на полови дејствија, а откако A.П. одбила истиот ја ослободил.
Против Ј.Г. е поднесена кривчна пријава.