Скопјанец отишол да купи пиперки, го прелажале и претепале со палки

Отидов да купам пиперки за ајвар а добив ќотек со дрвени палки и боксови. Скопјанец на социјалните мрежи раскажува за случката која му се случила минатиот петок, пренесува „Прес 24“.

Кај надвозникот на Нова Железничка од тие што продаваат пиперки, купив наводно 42 килограми. Кога ги измерив дома на вагата, забележав дека наместо 42кг, ми ставиле 29кг. Се вратив за да направам рекламција и кога видов, покрај мене уште многу луѓе се расправаат за истото, раскажува скопјанецот.

Тој тврди дека наместо да се извинат, продавачите, го нападнале.

Повикав полиција но после еден час чекање, тие не дојдоа а јас морав во болница поради ќотекот кој го добив.Никаков увид не е направен, имаше искршено и една бандера од страна на сторителите додека бегаа. Ве молам ако некој нешто видел да ми помогне со своето сведочење. Настанот се случи во 14:45 во петокот“ – раскажува скопјанецот, раскажува скопјанецот и додава дека по повеќе од 1 час, полицајците пристигнале прво на местото на настанот а потоа и во болница да му земат изјава.