Скопјанец паднал од три метри на плочник, итно пренесен на Ургентен

Вчера во 14 часот и 30 минути во село Визбегово, скопско во магацин на фирмата “Штил“, 65-годишниот С.З. бил повикан да земе мерки за да направи ограда.

Истиот додека се симнувал по скала, паднал на плочникот од височина од околу 3.5 метри.

Со приватно возило веднаш бил однесен во Градска општа болница “8-ми Септември“ од каде е пренесен во Комплекс клиники “Мајка Тереза”.