Скопјанец почина во МРТВ

Скопјанец почина на холот на Македонската радио телевизија откако му се слошило.

Според информациите од СВР Скопје, денеска, околу 12 часот во холот на Македонската радио телевизија почина 69-годишниот Иванчо Ѓ. од Скопје.

Полицијата соопшти дека на покојниот прво му се слошило, а потоа и починал.

Неофицијално,  тој доживеал срцев удар додека чекал да ја подигне личната карта.

Покрај вработените во МРТВ, влезниот хол го користат и вработените и функционерите во повеќе министерства и државни институции,  како и граѓани кои одат по патни исправи и лични карти во пасошкото одделение на МВР сместено во зградата на националната телевизија.