Скопјанец поради нерасчистени долгови го прободел и застрелал познаникот

Едно лице е прободено со остар предмет, а потоа е рането со огнено оружје во расчистување на меѓусебни долгови во саботата вечерта на во скопски Чаир.

Инциденеот се случил околу 21,50 на улицата „Џон Кенеди“ . Во полицијата 32-годишниот Е.М од Скопје пријавил дека по претходен договор се сретнал со неговите познаници 40-годишниот А.А. од Скопје и Б.Н во нивното патничко моторно возило „БМВ“, во врска со пари.

По кратко време, настанала расправија и А.А. му нанел убодна рана со остар предмет, а потоа и пукал кон него во левата подлактица.

На повредениот му е укажана помош во Гратската општа болница „Свети Наум Охридски“, а полицијата работи на целосно расчистување на случајот, соопштија од Министерството за внатрешни работи.