Четириесет и седум годишниот скопјанец Љ.Н. вчера вечерта бил расечен на левата страна од вратот од ресенчанецот С.Н.
Инцидентот се случил во селото Златари, а случајот во полиција го пријавил братот на повредениот Т.Н. (49).
Повредениот бил пренесен во Клиничка болница -Битола за укажување на лекарска помош, а полицијата работи на расчистување на случајот.