![133603799](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2017/03/133603799-15.jpg?resize=540%2C300&ssl=1)
Министерството за внатрешни работи информира дека вчера околу 14 часот во ЕИК Скопје било пријавено дека две непознати лица со две возила дошле на ул. „Фуштанска“ и започнале расправија со Г.Б. (27), по што едно од лицата извадило пиштол и пукало кон Г.Б, нанесувајќи му прострелна рана во десна надколеница и повеќе повреди во пределот на телото.
По настанот лицето кое пукало го напуштило местото со возило. Повредениот бил пренесен и задржан на лекување во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, каде му се констатирани тешки телесни повреди и се наоѓа во животна опасност. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.