Скопјанец се бори за живот, откако бил претепан бидејќи украл „ауди“ од рент-а-кар

Четириесет и седумгодишниот Ф.А. од скопски Сарај со тешки повреди се бори за живот во Клиничкиот центар откако бил претепан.

Од полицијата информираат дека во понеделникот во 15,20 часот на крстосницата од улицата „Црногорска“ и улицата „Андон Папрадишки“ во Скопје, откако претходно Ф.А. одзел патничко возило „ауди А6“, кое било сопственост на рент-а-кар компанија, загубил контрола врз возилото и удрил во бетонски столб.

По незгодата, Ф.А. пешки е дал во бегство, но сопственикот на рент-а-кар фирмата 36-годишниот А.Н. од Скопје успеал да го фати и физички го нападнал. Ф.А. се здобил со повреди и со возило на Итна медицинса помош бил пренесен во Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Од страна на лекар му биле констатирани тешки телесни повреди и се наоѓа во животна опасност, информираат од полицијата.

За сообраќајната незгода увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Од МВР посочуваат дека за бесправното одземање на возилото, како и за физичкиот напад ќе бидат поднесени соодветни поднесоци по целосно документирање на случаите.