Скопјанец се обидел да ги убие мајка си и братот

Разгневен 35-годишен скопјанец се обидел да ги убие својата мајка и брат, напаѓајќи ги со нож, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Скопјанецот Д.Г. во својот дом најпрво почнал да крши дел од покуќнината, а потоа со нож ги нападнал мајка си и братот, нанесувајќи им телесни повреди.

Полицијата против него поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „убиство во обид“.