Скопјанец се обидел да силува две девојки

СВР Скопје поднесе кривична пријава против триесетгдишниот А.С. од Скопје поради сомнение дека сторил две кривични дела – “силување во обид“.

Кривичните дела, пријавениот ги извршил на 17.ти овој месец околу 17,00 часот на подрачје на општина Центар.

Едното кривично дело го извршил ул.„Кеј 13-ти Ноември“ на пешачката патека, врз оштетена странска државјанка, која што во тој период трчала на трим патеката, а вториот обид го извршил на бул. „Крсте Мисирков“, поточно во близина на Адвокатската улица, врз оштетана којашто поминувала по улицата.

А.С. минува во крим евиденциите на МВР и против истиот поднесени се четири чривични пријави за извршени четири кривични дела од областа на имотните деликти.

На пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од триесет дена.