
Маж од скопско село Љубин (Б.И. 35), е обвинет за полов напад врз две малолетнички и против него е поднесена кривична пријава.
Како што соопшти полицијата, случајот завчера го пријавила Н.И. (46) од Тетово на која Б.И. и е невенчан сопруг.
Според Н.И., Б.И. во повеќе наврати ги повикувал нејзините две ќерки од претходните невенчани бракови и вршел полови дејства.
Пријавениот е лишен од слобода и му е изречена мерка притвор во траење од 30 дена.