Во тешка сообраќајна несреќа која во петокот рано попладнето се случила во скопската населба Чаир, повредени се три деца и три возрасни лица, информираше во саботата министерството за внатрешни работи.
Во 17.35 часот на улицата „Кемал Сејфула“ во Скопје се случила сообраќајна незгода меѓу автомобил „југо“, управувано од 37-годишниот А.М. од Скопје и патничко возило „пежо 307“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 32-годишната М.А. од Скопје.
По незгодата М.А. и сопатниците од нејзиното возило „пежо 307“, И.Н. на 32 години и две деца на возраст од 10 и осум години, сите од Скопје, со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде им биле констатирани телесни повреди и им била укажана лекарска помош.
Кај А.М. се констатирани тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Градската болница „Св.Наум Охридски“, каде му била укажана лекарска помош.