Во петокот вечерта скопјенец нападнал полициски службеници при обидот да биде пријавен, откако бил пријавен од неговата сопруга, информираше министерството за внатрешни работи.
Инцидентот се одиграл во петокот ооколу 21,30 часот кога полицајци кои постапувале по пријава-поплака од К. Ш. од Скопје за нејзиниот сопруг 48-годишниот С. Л., биле нападнати од мажот.
Имено, при обид да го лишат од слобода, С.Л. го стартувал возилото и удрил во полициски службеник, кој се здобил со телесни повреди.
С.Л. е приведен во ПС-Гази Баба.
Против С.Л. ќе биде поднесен соодветен поднесок.