Триесет и двегодишен скопјанец (А.С) вчера попладне во 15:40 часот е донесен во Ургентниот центар Скопје на КАРИЛ со две убодни рани во пределот на градите и грбот, информира денеска Министерството за внатрешни работи во редовниот Билтен.
Од МВР информираат дека се работи на утврдување на местото на настанот и негово расветлување.