![марихуана-450x270](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2018/04/marihuana-450x270.jpg?resize=450%2C270&ssl=1)
При претрес во домот на 24. годишниот скопјанец Б.Т. полицијата пронашла кеса со пет стаклени тегли со марихуана и вага.
За настанот бил известен Јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот против Б.Т. ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.