Скопјанец вперил пушка во сограѓанин, па побегнал

Вчера во 08:00 часот од страна на 43-годишниот Н.С. од село Синѓелиќ, скопско, било пријавено дека во селото на улица „Алија Авдовиќ“ 55-годипшниот Џ.А. вршел градежни работи спротивно на законот со работни машини багер.

„Полициски службеници постапиле по пријавата, а додека траел службениот разговор, пријавителот Н.С. се качил на вториот кат од куќа и вперил пушка кон Џ.А., но не испукал туку се дал во бегство.

Извршен е преглед на теренот и пронајдена е пушката и се работи на расчистување на случајот“, информира МВР.