Скопјанец загина во сообраќајка кај Катланово

Скопјанец загина кога автомобилот во кој се возел излетал од патот, вчера на автопатот Скопје- Велес, информираше МВР.
Според полицијата, сообраќајната несреќа се случила околу 18.45 часот пред Катланово. Тогаш С.Т.(21) од Скопје изгубил контрола врз втомобилот „фиат пунто“ па возилото излетало од патот. Сопатници во возилото биле М.Т. (25), Ф.Ј. (18) и К.К. (25), сите од Скопје.

Во несреќата тешко биле повредени М.Т. и К.К., а Ф.Ј. бил лесно повреден. Повредените со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, но по пат кон болницата М.Т. им подлегнал на повредите.

Од страна на дежурен лекар во 19.30 часот е констатирана смрт. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.