Сообраќајна незгода се случила вчера на патот Скопје-Велес во која животот го загубил шеесет и девет годишниот Н.Т. од Скопје.
Тој управувајќи патничко моторно возило „Цитроен Берлинго“ со скопски регистерски таблици, веднаш по првиот тунел изгубил контрола над возилото кое излетало од патот и паднало во провалија.
Во незгодата со телесни повреди се здобил сопатникот М.Н.(66) од Скопје кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Градската општа болница„Свети Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош.
Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Скопје, а по Наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција. Се работи на целосно расчистување на случајот.