Неколку лица, синоќа во 23.15 часот на улицата Казанџиска во Скопје, ограбиле двајца од кои одзеле чанти со пари.
На С.Р. (36) му е одземена чанта во која имало 1.750 евра во разни апоени, а на З.Н. (23) двајцата од селото Батинци, Скопско, му е одземена чанта во која имало 1.000 евра, 12.000 денари, патна исправа и клучеви од возило.
Повеќе лица влегле во кафе барот кој се наоѓал на споменатата улица, а останатите останале надвор и не сакале да платат карта за влез во барот. Тие физички ги нападнале оштетените, им ги одзеле ташните и избегале.