
Две момчиња се повредени во возило на паркинг во Скопје, откако непознати лица ги отвориле вратите на возилото и физички ги нападнале.
Случајот во неделата во полициската станица во Ѓорче Петров го пријавил 22-годишниот А.М., кој посочил дека дента околу 13,30 часот додека бил во возило на паркинг простор на улицата „Есперанто“ заедно со неговиот 16-годишен другар се доближила поголема група на лица кои им ги отвориле вратите од возилото и физички ги нападнале, удирајќи ги со боксови и нозе во пределот на лицето и телото.
Од извршениот физички напад двајцата се здобиле со видливи повреди во вид на црвенило и оток по лицето и телото. Се работи на целосно расчистување на случајот.