Изминатата ноќ малку по полноќ во СВР Скопје се пријавени два случаи на тешки физички инциденти, во кои жена во трговски центар во една скопска населба била пресретната и нападната од поранешниот љубовник, а момче било претепано во Старата скопска чаршија.
Педесет и пет минути по полноќ се случила драма за жена, кога ја нападнал поранешниот љубовник. Станува збор за 47-годишна жена од Скопје која пријавила дека на булеварот„Јане Сандански“ во трговски центар била физички нападната од поранешниот љубовник. Напаѓачот е идентификуван како 55-годишниот Љ.Т., исто така, од Скопје.
Речиси еден час подоцна, околу 1,40 часот, 25-годишниот Ф.М д Скопје пријавил дека на пред угостителски објект во Стара чаршија бил физички нападнат од три лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.