Триесет и осумгодишната скопјанка А.Е, која времено престојувала во Гостивар, вчеравечер пријавила физички напад од 23-годишниот Ј.Х. од гостиварското село Здуње, со кого била во љубовна врска.
Пријавениот дента во неколку наврати влегол и излегол од најзиниот стан, во кој живеела под кирија, по што околу 18 часот и 30 минути ја нападнал додека била пред влезот на станбената зграда, ја соборил на земја и повеќе пати ја удрил со тупаници по главата и телото, од што задобила видливи повреди и од друго лице, кое ги разделило, била пренесена во гостиварската болница, за да и се укаже лекарска помош, информираат од СВР Тетово.
Напаѓачот Ј.Х. повикан е во Полициската станица Гостивар и се расветлува пријавеното, по што ќе следува поднесок.