Скопјанка ранета во нога при вооружен грабеж

Скопјанка случајно била застрелана во нога при разбојништво, вчера во скопски Аеродром, информираше МВР.

Според полицијата, разбојништвото се случило околу 16.30 часот на улицата Руди Чајавец. Тогаш  две непознати лица со моторцикл непозната марка го ограбиле М.С.(49) од Крива Паланка. Тој излегувал од зграда кога разбојниците со пиштол му се заканиле и му зеле 10.000 евра кои ги носел со себе.

Арамиите веднаш се качиле на моторот, но при тоа едниот од нив испукал еден куршум кој ја погодил П.О.Д.(53 ) во ногата  од Скопје. Повредената со возило на Итна медицинска помош била пренесена во  Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде и била констатирана прострелна рана во пределот на десната надколеница.

Извршен е увид на местото на настанот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.