Четириесет и шестгодишна жителка на скопската населба Тафталиџе се пријавила во полициската станица откако според сопствено признание ја задавила својата 74-годишна мајка, а мотивите за грозоморниот чин засега не се соопштуваат.
Жената којашто мнинистерството за внатрешни работи ја идентификува со иницјаките А.И. од Скопје, во саботата утрото околи 8,30 часот во Полициската станица Карпош пријавила дека во нивниот заеднички дом на улицата „Ристо Равановски“ со давење ја усмртила својата мајка В.И.
Полициски службеници од СВР Скопје излегле на местото на настанот и во домот затекнале починато лице. Од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт.
По наредба на јавен обвинител телото на починатата било дадено за обдукција, а А.И. е задржана во полициска станица.