Скопјанка скршила рака во автобус

Скопјанка скршила рака возејќи се во автобус, вчера во Скопје.
Според полицијата, несреќата се случила околу 19 часот на улицата 101 во село Волково.

Тогаш С.С.(41), управувајќи автобус „Ман“ при разминување со друго возило ја намалил брзината на движење при што на подот паднала патничката К.Н.(55) од Скопје.

Од падот К.Н. добила тешки телесни повреди- скршеница на десна рака во пределот на зглобот. Таа со возило на Итна медицинска помош е пренесена во Градска општа болница „8 Септември” за укажување лекарска помош.