Во текот на вчерашниот ден сообраќајната полиција санкционирала 10 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, а еден возач е исклучен од сообраќај поради управување на возилото под дејство на алкохол.
Санкциониран е и еден возач кој не отстапил првенство на минување на возилата во зона на крстосница, 17 возачи кои за време на управување на возилото не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон, и 13 возачи кои го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано.
Со специјалното возило „пајак“ отстранети се 47 возила.