![den na osloboduvanje](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2015/11/den-na-osloboduvanje.jpg?resize=344%2C230&ssl=1)
Со низа манифестации денеска ќе биде одбележан 13-ти ноември, Денот на ослободувањето на Скопје.
По тој повод, вечер во фоајето на Македонската опера и балет, градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, на добитниците ќе им ја врачи наградата „13-ти Ноември“ на Град Скопје за 2015.
Во рамки на свеченоста по повод Денот на ослободувањето на Скопје, во фоајето на МОБ, ќе биде отворена и изложба на ликовните дела, што беа насликани на Меѓународната ликовна колонија „Скопје 2015“.
Веднаш по доделувањето на наградите, во Салонот на МОБ, во чест на добитниците и по повод празникот на Скопје, ќе се одржи концерт на првенците на Македонската опера и балет.