Високо ниво на загаденост на воздухот е измерено и во петокот многу општини низ целата земја.
Вечерва според податоците најмногу се гушат Битола и Скопје каде што концентрација на ПМ 10 честиците се на високо ниво.
Во Битола тие изнесуваат 340 мг/м3, додека во Скопско лисиче тие изнесуваат 228 мг/м3.
Освен во овие градови мерните станици на Министерството за животна средина покажуваат дека концентрација на ПМ 10 и ПМ 2,5 честичките се на високо ниво и во Тетово, Карпош и Центар.