Ова денеска го најави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој најави нови проекти кои ќе им бидат од корист на младите лица во Република Македонија.
-Никогаш математиката сама за себе не била цел туку суштинска алатка за постигнување други цели и отворање на значителни можности. По примерот на многу земји предвидуваме отворање на специјализирана национална математичка гимназија, која ќе нуди образование по посебни наставни планови и програми креирани и одобрени од Биро за развивање на образованието и поддршка од Природно-математичкиот факултет и МАНУ, кои ќе бидат дел од вонредниот наставен кадар и поддршка на редовниот, истакна тој.
Математичката гимназија ќе биде сместена во Скопје и ќе има ограничен број на места во секоја учебна година. По подготовките и ангажирањето на стручен кадар ќе биде отворена во 2017 година, а ќе има и кампус за учениците кои ќе имаат потреба за сместување, а ќе има и можност за дисперзирани студии во други градови.
Гимназијата ќе биде опремена со компјутерски лаборатории за изучување на математика и други сродни области,а ќе се изучува и напредна математика.