Скопје го зазема 193-тото место од 211 града вклучени во рангирањето на консултантската компанија „Мерсер“за трошоците за живот за странци, пишува Дневник.Рангирањето се подготвува за да се помогне на меѓународните компании и владите да го одредуваат надоместокот за своите работници и службеници. Њујорк се користи како основен град и сите други градови се споредуваат спрема него, а девизните курсеви се мерат во однос на доларот. Скопје годинава се искачил за 10 места во споредба со лани кога бил рангиран на 203. место од 214 града во светот, односно на врвот на најевтините места за живеење според трошоците за живот за странците. Според анализата, тоа е тенденција кај повеќето градови, посебно поради ефектите од кризата и долгогодишните економски шокови кои влијаат на цените.
Втора година главниот град на Луанда-Ангола, ја предводи листата како најскап град за странците, иако градот не е особено богат. Втората позиција ја има Нџамена (Чад), а третата Хонг Kонг.
Во листата топ-10 најскапи градови за странци влегуваат Сингапур, Цирих, Женева, Токио, Берн, Москва и Шангај. Лондон е на 12-тото место, Њујорк на 16-то, Сиднеј на 26-то, Париз на 27-мо, Рим на 31-вото, потоа следуваат Виена, Минхен на 55-то, а Атина на 78-мо.
Од европските градови, вклучени во рангирањето, со понизок ранг од Софија која е на 172 место се Белград – 184-то место, Сараево – 188-то место, Тирана – 199-то место, Минск – 191-вото место и Скопје – 193-то место.
Целиот текст прочитајте го тука.