Директорот на ЈСП, Мишо Николов, во интервју за Нетпрес говори за новите проекти и предизвици на претпријтието. Освен бесплатниот превоз за пензионерите, тој најави и беспалатен превоз за студентите, како дел од новата програма на ВМРО-ДПМНЕ, „Проверено“.
Воедно, Николов зборува и за честите насилства во автобусите на градскиот превоз, за воведувањето на електронски систем за наплата на билетите, доуредување на Милениумскиот крст, продолжување на Жичницата, како и изградбата на Панорамското тркало во близина на Камениот мост.