Сервисот „Ер Вижуал“ кој постојано ја следи состојбата на загадувањето на воздухот во големите градови во светот претпладнево го стави Скопје на врвот на светската листа, со индекс од 217 според AQI.
По Скопје е Дака, Бангладеш, со индекс 189, па Чонгќинг во Кина со иста вредност. Подолу, со индекс 186 е Вухан, Кина, па Калкута со 166.
Но, не е само Скопје загаден град во државава. Загаденоста е огромна низ цела Македонија. Граѓаните буквално се гушат.
Освен во Скопје, вечерва најзагадено е во Струмица.
Струмица во ноември 2012 стана прва системски гасифицирана општина во Република Македонија. Струмица во јануари 2019 е најзагадениот град во Македонија, позагаден и од Скопје. Нели гасификацијата ќе го решеше загадувањето со воздухот? Кога се даваат површни пароли, тогаш имаме ваква реалност, се вели во реакцијата-анализа од 02 Коалиција.
Граѓаните го изразуваа својот револт кон власта, велејќи дека иако нејзините претставници ветуваа почист воздух откако ќе ја преземат власта, две години потоа нема ништо од ветеното, а загаденоста е дури и поголема.