Скопје не потклекна пред поларната зима

Екстремно ниските температури и поларната зима кои го зафатија Скопје, а ја покорија и цела Европа, се’ уште не попуштаат. Сепак, за среќа, поголеми дефекти во однос на водоводната и електричната мрежа, досега не се случија, со исклучок од пред неколку дена кога жителите на некои места во населбите Аеродром и Ново Лисиче останаа без вода речиси 30 часа. Булеварите низ градот се целосно чисти. Екипите на зимската служба на Град Скопје интензивно се на терен.

Поради екстремното студено време земјата се стега и прави притисок на цевките, кои и така се под притисок на водата и доаѓа до нивно пукање. Во Скопје вакви поголеми дефекти на водоводната мрежа засега нема и снабдувањето со вода е непрекинато.

Доколку шахтите и приклучни линии се прописно направени, т.е. се на длабочина од минимум 1,5 метри, со заштитен капак на самата шахта, не постои можност да замрзнат, информираат од ЈП „Водовод и канализација“

Водоводната мрежа во Скопје која е составена од различни димензии на цевки се наоѓа на пропишана длабочина, каде надворешните услови во овој случај многу ниските температури немаат големо влијание во однос на предизвикување на нови и несакани дефекти. Дефектите кои се појавуваа во последниве денови не се разултат на намалените температури, но секако мора да се нагласи дека справувањето со дефекти на вакви временски услови, за нас како претпријатие предизвикува потешкотии, кои досега успешно ги надминуваме. Ниските воздушни температури директно влијаат на работата, во однос на механизацијата како и човечкиот фактор, кој секако треба да се справи со проблемот, посочуваат од ЈП „Водовод и канализација“.

Ако граѓаните воочат дефект на улица, треба веднаш да го пријават дефектот на дежурниот телефонски број 02/3073-010, за да можат надлежните екипи побрзо да го санираат дефектот.

Од водоводното претпријатие апелираат куќните совети да си ги изолираат отворените инсталации, кои ги имаат во зградите за да не дојде до замрзнување.

Замрзнувањето, кое некаде се случува во зградите или други објекти, истото не може да се случи ако инсталациите се прописно изведени од страна на инвеститорите. Значи првата опција против замрзнување би била изолирање на инсталациите, а доколку не се излолирани или непрописно изведени граѓаните или куќниот совет треба да реагираат кај инвеститорите или самите да ги изолираат. ЈП Водовод и канализација – Скопје има надлежност до водомер, а понатаму инсталациите се во сопственост на самите граѓани или куќните совети, велат од „Водовод“.

Зголемена потрошувачката на струја за 26 отсто во однос на лани овој период

Исто така, дистрибутивниот систем за снабдување со електрична енергија функционира без поголеми проблеми и прекини кои засега се појавиле само во ниско напонската мрежа, а на висок напон нема речиси никакви дефекти.

Поголем проблем, очекувано претставуваа планинските населени места кои се тешко достапни, и таму е отежнато отстранувањето на дефектите. Но, од ЕВН инфрмираат дека се вложуваат максимални напори за стабилна дистрибуција на електрична енергија, дури и во најоддалечените планински области.

image-0-02-05-f9b4cc3b1c97da54dd9c6343d869b9be49b2a1dbc240e4a31ff197ebb20dd453-V

Во ниско напонската мрежа најголемите проблеми на екипите на ЕВН Македонија им создаваат одредени планински села, или населени места кои се наоѓаат на повисока надморска височина. Проблемот е само пристапот до одредени места каде што има поголеми навеви од снег или силен ветер и пробивањето на електромонтерите е отежнато. На целата територија на земјава екипите се постојано на терен. На местата каде што не можат да се пробијат со теренските возила, се употребуваат моторните санки,а на местата каде што и санките не можат да се движат, екипите на ЕВН се упатуваат пеш и се обидуваат да стигнат и до најоддалечените места без разлика дали има десетици или 2 корисника кои се без напојување, информираат од ЕВН.

Вкупната потрошувачка на електричната енергија од 5 до 10 јануари  изнесува 157.000 MWh.

Најголема потрошувачка е регистрирана на 10 јануари и изнесува 28.400 MWh. Скопскиот регион за овој период има вкупна потрошувачка од 65.400 MWh. Најголемата потрошувачка е регистрирана на 10 јануари, 12.000MWh.

Во однос на истиот период минатата година потрошувачката е зголемена за 26 проценти.

received_10208553932546350

И во топловодната мрежа на БЕГ, засега не се регистрирани дефекти поради ладното време, така што корисниците имаат непрекинато парно греење.

Градските булевари и улиците проодни

За чистење на снежните наноси од коловозите Градот Скопје оваа сезона располага со 24 возила и со доволно количество сол, односно со 2 500 тони сол. Екипите на зимската служба на Град Скопје интензивно работат на терен на расчистување на градските улици и булевари и тие се расчистени и проодни. На градските улици и булевари досега се фрлени 250 тони сол.

Во надлежност на Град Скопје се булеварите и одредени градски улици, а преостанатите улици се во надлежност на општините и тие се задолжени за нивно чистење и одржување и апелирааат до граѓаните, куќните совети и сопствениците на деловните објекти да се придржуваат до законската обврска за чистење на снегот од приодите до нивните објекти.

Околу 200 граѓани со повреди и скршеници од пад на мразотскршениици

Меѓутоа, граѓаните не останаа имуни на скршеници од пад на мраз. Во последнава недела околу 200 граѓани со скршеници на раце, нозе, колкови побарале лекарска помош во скопските клиники и болници. Меѓу повредените има и млади и стари.

Лекарите советуваат граѓаните внимателно да се движат по лизгавиот терен бидејќи и деновиве температурите ќе бидат двабоко под нулата, а повозрасните лица без потреба да не излегуваат од дома.
Доколку некој се повреди при пад на мраз, ортопедите  аперираат никако да не оди на местачи и надри лекари, туки веднаш да побара помош во најблиската здравствена установа.

Според препораките на здравствените власти, бремените жени и хронично болните лица над 60 години поради екстремно ниските температури изминатите неколку денови беа ослободени од работа.

Надлежните со препораки  да не се излегуваа надвор без неопходна потреба, да се консумираат топли напитоци и храна што ја одржува температурата на телото, да се избегнуваат алкохол и да се користи соодветна облека.

Градскиот јавен превоз се одвива непрекинато

Јавниот градски превоз се одвива непрекинато и вообичаено за овој период од годината. Во изминатиот период на поларно ниски температури и снежно време, имало само неколку кратки прекини на автобуските линии во некои приградски места, поради непроодни улици.

Неодамна поради лоши услови на патот, линиите со броеви 25 и 28, кои се движат кон Средно Водно, односно Македонско Село не сообраќаа.
Дефекти кај возилта поради минусните температури не се забележани, информираат од ЈСП.