Како што информираа за МИА од СВР – Скопје, во текот на изминатиот ден сообраќајната полиција санкционирала седум возачи под дејство на алкохол, кои се исклучени од сообраќај, тројца поминале на црвено светло на семафор, а седум користеле мобилниот телефон и не го користеле сигурносниот појас.
Санкционирани се и 36 непрописно паркирани возила.
Со помош на специјалното возило пајак, отстранети се 62 возила кои во поголема мера го попречувале нормалното одвивање како пешачкиот така и моторниот сообраќај.
Во рамки на проектот „Сообраќајна култура на децата во предучилишни установи“Одделението за превенција при СВР Скопје денеска ќе реализира едукативни работилници во детската градинка „Фидани“ објект „Петар Пан“ во општина Чаир.
Утре со почеток во 17:30 часот во Спортскиот центар „Борис Трајковски“, во рамки на Лигата на шампиони, ќе се одигра меѓународен ракометен натпревар помеѓу РК „Металург“ и РК „Елверум“, Норвешка. Со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, како и на овој вонреден настан, од сообраќајната полиција ќе бидат превземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување и физичка регулација на сообраќајот.