![ЕФЕЉ](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2018/01/EFELj.jpg?resize=640%2C357&ssl=1)
Скопје повторно се наоѓа на врвот на светската ранг лист за за градови со најзагаден воздух. Имено нивото на загаденост во текот на ноќта беше алармантно и изнесуваше до 600 mg/m3 ПМ10 честички, со што Скопје се најде на 4-то место во топ 5 најзагадени градови во светот.
Мерните станици на квалитет на воздухот на повеќе локации низ градот измерија огромно загадување на сите мерни станици во Скопје од 4 до 12 пати над дозволениот максимум.
Скопје оваа зима руши рекорди, највисоки концентрации се забележани синоќа на мерните станици Лисиче или 600 микрограми на метар кубен и Ректорат односно 530 микрограми на метар кубен ПМ-10честички.
Покрај Скопје огромно загадување е регистрирано и во Струмица со 500 микрограми на метар кубен, Гостивар со 330, Велес 245 и Тетово со 240.
Петре Шилегов пред локалните избори ветуваше експресно решавање на проблемот со загаденоста на воздухот. Но, повеќе од 3 месеца Скопје буквално се гуши во загадениот воздух. Како изнаоѓање на решенија и подобрување на квалитетот на воздухот локалната власт ја поскапи водата со објаснување дека поскапа вода значи и подобра животна средина.