Градскиот татко Коце Трајановски преку својот ФБ профил ги потсети граѓаните на Скопје за тоа каков град наследил во 2009 година.
-Мало потсетување за тоа каков град наследив во 2009 година, кога за првпат ми ја дадовте довербата да бидам градоначалник на Скопје.
Тесни и нефункционилни сообраќајници, руинирани пешачки патеки, ниско ниво на хигиена и депонии.
Нефункционални јавни претпријатија пред колапс, со долгови над 17 милиoни евра, без опрема и механизација, стари автобуси, пишува во својот ФБ статус, Трајановски.
Актуелниот градоначалник на Град Скопје, Коце Трајановски, на претстојните локални избори ќе се обиде по третпат да го освои градоначалничкиот мандат во градската власт.