
Скопската обиколница ќе биде затворена за сообраќај до петок.
Како што информира АМСМ, повикувајќи се на соопштението добиено од продукциската куќа “CHIC FILMS” и МАНУФАКТУРА продукција обиколницата околу Скопје (делница 3, автопат 2, кл.„Хиподром“-кл.„Сарај) во понеделник (28.09.2015 година), во време од 07:00 часот до 19:00 часот и деновите oд вторник (29.09.2015) до петок (02.10.2015), во време од 05:00 часот до 18:00 часот, ќе биде затворена за сообраќај за потребите на снимањето на францускиот филм “A FOND”.
Умерен интензитет на сообраќајот

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.
Возете внимателно
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.