Скопската обиколница од утре затворена поради снимање филм

Скопската обиколница, од утре до петок затворена за сообраќај
Скопската обиколница, од утре до петок затворена за сообраќај

Скопската обиколница од утре до 28-ми овој месец  ќе биде затворена за сообраќај  секој работен ден од 7 до 19 часот на потегот од клучката Хиподром до клучката Сарај, информира Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ).

Оттаму посочуваат дека на 22 септември годинава ќе биде редуциран и режимот на работа на патарината Петровец, додека секциите на автопатот околу Градско ќе бидат затворени во периодот од 28 септември до 25 октомври годинава и сообраќајот ќе биде пренасочуван.

Причина за посебниот режим на сообраќај, како што соопшти АМСМ, е снимањето на францускиот игран филм „.2015 А Фонд“ од страна на Мануфактура Продукција од Скопје.

Филмот ќе се снима на скопската обиколница, на одредени секции на автопатот Е-75 како и на патарината Петровец во периодот од 3 септември до 25 октомври годинава, прецизираат од АМСМ.