![policija-3-640x382](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2018/08/policija-3-640x382-5.jpg?resize=640%2C381&ssl=1)
Синоќа скопската полиција спровела акциска контрола со цел откривање и санкционирање на возачите што организираат и учествуваат во диви трки.
Како што информираат од МВР, од страна на полицајците привремно биле задржани пет мотоцикли, четири за проверка на техничка исправност и составни делови на возилата и еден под сомнение за царински прекршок.
По однос на други прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот и Законот за возилата кон возачите, преземени се 15 мерки за сторени сообраќајни прекршоци.