Жичницата на Средно Водно од утре ќе работи еден час повеќе, односно од 10 до 18 часот.
Согласно одлуката за возен ред за април, од 17 до 17.30 часот е последно возење од долу кон врвот, односно во 17.45 часот е последно возење од врвот надолу.
Секој понеделник и секој последен вторник во месецот, за Жичарницата се неработни денови.
По речиси двегодишна пауза поради мерките за заштита и превенција од Covid-19, жичницата повторно се пушти во употреба на 30.12.2021 година.
Oд тогаш до денеска, продадени се вкупно 48.544 билети, а најголема посетеност е регистрирана во јануари, односно продадени се 23.598 билети.
Притоа, треба да се има предвид дека посетеноста е поголема од бројот продадени билети со оглед на тоа дека превозот за деца до шест години е бесплатен.
Согласно ковид протоколите, во кабина е дозволен превоз до четири лица и задолжително е носење на заштитна маска.
Повратен билет чини 100 денари, а на жичницата е дозволен и превоз на домашни миленичиња (куче, маче) за што на услуга се отстапуваат транспортери.
Ден пред Нова година повторно во функција се пуштија и трите автобуски линии до Средно Водно (25, 25А и 25Б), кои за време на викенди и државни празници се бесплатни за сите граѓани.