Скопската Зоолошка ќе добие пингвини

Зоолошката градина во Скопје ќе добие нови жители, пингвини. Од идејното решение за нивното живеалиште ќе зависи колку пингвини ќе бидат донесени од Виена. Пингвини ќе бидат прилагодени на европските услови на живот. Ќе живеат во мали пештери, а преку ден ќе бидат надвор.

До Нова Година се очекува во Скопје да пристигнат морски лавови и фламинго.

Засега нема најави за изградба на нови и реконструкција на стари живеалишта во зоолошката. Проектот од пред неколку години за изградба на аквариум и терариум на местото на старото живеалиште на дивите мачки и на змиите,  се’ уште е статус кво, а главен проблем, како што велат од Зоолошка, се финансиите.