Скопската Зоолошка од денеска повторно отворена за посетители

По 21 ден откако беше затвоерна поради регистирано присуство на птичји грип Зоолошката градина денеска повторно ги отвори вратите за посетителите. Сончевото време ја наполни ЗОО Скопје, а најбројни и денеска беа најмладите.

Агенцијата за храна и ветеринарство утврди дека Зоолошката не постапила според законските процедури за пријавување на зараза, по што на терен беа хумано убиени 24 птици. Вработените во Зоолошката сега велат дека по затворањето ги имаат испочитувано сите протоколи и дека периодот го искористиле за целосна дезинфекција на местото.

„После тој настан ние бевме затворени 21 ден. Ги испочитувавме сите протоколи кои ни беа наложени. За тоа време ја средивме ЗОО се се дезинфицира комплетно. Има посетители и луѓето се осеќаат безбедни, се е во најдобар ред“, изјави Марија Дојчиновска ЗОО негователка.

Сите кои побараа да се тестираат дали се заразени со птичји грип, добија негативни резултати. На почетокот беа тестирани двајца, а дополнително, направени беа и епидемиолошки анкети на 16 луѓе.

Скопската зоолошка беше затворена за посетители пред три недели откако беше потврден случај на птичји грип. Беше спроведен надзор и хумано убивање на 24 патки, шест гуски, пет кокошки и една чавка.