Скопски маратон доби ново име- „Wizz Air Скопски маратон‘‘

Најголемата нискотарифна авионска компанија во Централна и Источна Европа,„Виз Ер“ денеска го објави спонзорството на Скопскиот маратон во партнерство со Градот Скопје. Скопскиот маратон го додава Виз Ер во своето име и годинава, како и следните три години, ќе се одржува како ‘„Wizz Air Скопски маратон‘‘.

Уште од почетокот на натпреварувањата, расте интересот меѓу учесниците и годинава, на 11-ти мај ќе се одржи подесетти пат во срцето на главниот град на Македонија. Во 2013 годиназа првпат во настанот учествувааречиси 5.000 тркачи од 36 земји, а за мај 2014 се очекува овој рекорд да биде повторно соборен.

Зборувајќи денеска во Скопје, Џозеф Варади главниот извршен директор на Виз Ер,рече компанијата е позната по тоа што го стимулира авионскиот сообраќај во 35 земји, а денеска ја слави посветеноста на Виз Ер и присуството во Македонија.

„Во текот на изминатите две и пол години постојано ги развивавме нашите операции, нашата флота и мрежата на линии. Во април 2014 ќе имаме втор авион што ќе ѝ се придружи на македонската база и 4 нови линии со што ќе започнемелетовидо Париз, Брисел, Келн и Франкфурт. Ние во Виз Ер веруваме во мобилност и во активно живеење. Нашите ниски цени им овозможија на над 370 илјади Македонци во 2013 година да патуваат заради работа или задоволство и обединувањето на брендот Виз Ер со Скопскиот маратон претставуваадекватно партнерство. Остануваат приближно 70 дена до трката и јас ги повикувам сите Македонци да ги затегнат врвките и да трчаат на Wizz Air Скопски маратон“, рече Варади.