Подготовките за најголемото маратонско случување во регионот се кон самиот крај.
На 6-ти мај во 8.30 часот на скопските улици ќе стартува рекорден број од тркачи. Еден ден претходно (сабота, 5-ти мај) Виз Ер Скопски маратон во соработка со Амбасада на Република Италија и Парк Хотел и Спа како поддржувачи на „Проект Среќа“ ќе организираат хуманитарна Pasta party од 18.00 до 21.00, во склоп на акцијата „Здраво шампиони“.
Воедно, денес, 27 април 2018, заврши пријавувањето за Виз Ер Скопски маратон и организаторите истакнуваат особена благодарност за огромниот број на пријавени кои го надминаа рекордот.
Годинава низ скопските улици ќе трчаат околу 10 000 натпреварувачи од 58 земји во сите предвидени категории.