Млади насилници од Скопје вчера направиле хаос, прво натепале средношколец, а додека бегале изгубиле контрола над автомобилот и излетале од пат.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи вчера, околу 12.30 часот, во дворот на средното хемиско училиште „ Марија Кири Склодовска“, двајца скопјани, 21-годишниот Ф.И. и една година постариот А.Д. го нападале 17-годишниот М.Д.
Насилниците со автомобил „фиат пунто“ дошле во училиштето, а потоа без повод и причина го нападнале средношколецот, удирајќи го со боксови по лицето и телото.
По нападот, двајцата со автомобилот избегале во правец на населбата Драчево, каде што изгубиле контрола над возилото и излетале во канал.
Ф.И. се здобил со телесни повреди и побарал лекарска помош во градската општа болница Св.„Наум Охридски“.
Лицата се приведени, а следи расчитување на инцидентот.