Скопски Саем – OUTLET, се’ за вашиот дом по намалени цени

Скопски Саем- OUTLET, е локацијата која следните 10 дена ќе понуди се’ за домот. Овој продажен саем има за цел да им помогне на граѓаните во изборот на детали за уредување, реновирање или градење на домот по намалени OUTLET цени.

Од 5-ти до 14-ти јуни, граѓаните ќе имаат можност да заштедат, а во исто време да го  реновираат, преуредат, или изградат својот дом.

Од мебел, до електроника, санитарија, плочки до теписи, постелнини или клима уреди, овој продажен саем е причина плус зошто да се посети Скопски Саем и одбере нешто од богата понуда на големиот број излагачи и присутни компании чија понуда ќе ги задоволи сите вкусови.

На Скопски OUTLET саем сите посетители ќе може да се разладат, а во исто време и освежат со големиот избор се‘ она што е потребно за сите домаќинства.

Влезот е бесплатен, а да се напомене дека следуваат и големи изненадувања за сите посетители. Од 5-ти до 14-ти јуни, местото да се биде, посети и види е Скопски Саем- OUTLET, се’ за домот.

фото: Фактор.мк