Јавното претпријатие „Водовод и Канализација“ ќе потроши повеќе од 70 илјади евра за мебел, од кои 50 илјади евра за канцелариски столици и 20 илјади евра за плакари и бироа. Ова го покажуваат двата поединечни договори кои се објавени на веб сајтот на Бирото за јавни набавки, а се склучени со компаниите СПС Инженеринг и Карат М од Скопје.
Првиот договор склучен со компанијата СПС Инежеринг се однесува на набавка на столици и истиот е склучен на вредост од околу 50 илјади евра. Цената на една столица се движи од 3200 денари, а најскапата достигнува цена поголема од 200 евра. Тоа што е несвојствено е што според информациите објавени на фејсбук страната на оваа компанија се гледа дека таа главно се занимава со набавка и продажба на обувки. Во самото објаснување на фејсбук стои дека СПС Инженеринг е специјализирана компанија во областа на обезбедување безбедна и сигурна енергија, како и ефикасни решенија за телекомуникациска и електрична инсталација.
Вториот договор склучен со компанијата Карат М во висина од околу 20 илјади евра и истиот се однесува на набавка на плакари, бироа и фиокари.
Двата договори предвидуваат набавката да се реализира сукцесивно во период од 12 месеци.