Поради густата магла и намалената видливост утрово во неколку часовен прекин е редовниот сообраќај на скопскиот аеродром „Александар Велики“.
Во момнетов слетувањето на авионот на „Туркиш ерлајнс“ од Истанбул за во 8 часот утрово е одложено за два и пол часа, додека полетувањето од Скопје до истанбулскиот аеродром „Аатурк“ е одложено од 8.55 часот за три и пол часа, според интернет страницата на операторот ТАВ.
Засега не се огласени одложувања на други летови од и кон аеродромот.
Според вработени на скопскиот аеродром, се очекуа ситуацијата со редовното функционирање на аеродромот да се нормализира за околу два часа.