Алармантната состојба со губитокот на вода ги натера градските власти да ја ангажираат израелската компанија UTILIS која користи сателитска технологија која брзо и ефикасно ги детектира пукнатите цевки. Снимките директно ја одредуваат точната локација каде има дефект, без да се оштети местото кое се набљудува. Потоа истите се испраќаат до надлежната институција да ја санираат штетата.
Директорот на фирмата Лорен Гај вели дека на овој начин значително се заштедува на време и на непотребни трошоци за скапа теренска опрема.
Она што ни дава особена предност е што користиме сателитска технологија, која има можност да гледа низ почвата и специфично да ја изолира водата која била третирана во контраст со другите видови на вода. Откако ќе го идентификуваме местото каде што има протекување на вода од цевките, ја упатуваме компанијата да го санира одредениот дефект, без непотребно да трагаат, изјави Лорен Гај, основач на “UTILIS” .
Овој систем веќе е применет во 27 држави и снимени се над 200.000 километри водоводна мрежа. Првата фаза од мониторингот е веќе комплетирана, а втората се очекува да заврши за месец и половина. За оваа намена ќе бидат потрошени 6 милиони денари.