Скопските урбани општини со високи бројки активни случаи на короназаразите

Главниот град Скопје, со речиси повеќе од третина од вкупното население во земјата, разбирливо и натаму е најпогоден во епидемијата од коронавирусот, и бележи половина од дневните показатели за бројот на заразените или починатите како последици од инфекција со новиот коронавирус.

Во вторникот, како што претходно објави министерството за здравство, во Македонија вкупно се потврдени 628 нови коронаинфекции, од кои 353 се од подрачјето на Скопје. Од петнаесетте смртни исходи во последните 24 часа, пак, седум пациенти се од главниот град.

Во земјата во моментов има 7.399 активни случаи на заразата, а вројот активни случаи по општини Скопје денеска, со нзанака дека по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општините, се следниот:

• Чаир – 169
• Гази Баба – 460
• Аеродром – 661
• Карпош – 541
• Центар – 508
• Кисела Вода – 432
• Ѓорче Петров – 299
• Бутел – 168
• Шуто Оризари – 29
• Студеничани – 8
• Сарај – 27
• Арачиново – 8
• Илинден – 61
• Сопиште – 31
• Чучер Сандево – 19
• Петровец –21
• Зелениково – 9
• Странец – 20
• Нераспределен- 80